Правдико

   

Се намалуваат цените за роаминг со Грција

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, и министерот за дигитални политики, телекомуникации и медиуми на Грција, Никос Папас, потпишаа меморандум за разбирање за намалување на цените во роаминг. Тоа значи  дека максималните цени на роаминг-услугите треба да се намалат до нивото на оние цени што се применуваат во Европската Унија.

Како што истакна Манчевски, целта е до почетокот на летната сезона граѓаните на двете држави да ги почувствуваат првите намалувања на цените, а следниот чекор е целосно укинување на роамингот.

Манчевски рече дека договорот од Преспа не значи само решавање на политички проблем, туку со него се отвораат многу перспективи за граѓаните и бизнисите од двете земји.

„Утрово имавме работен состанок со министерот Папас, директорот на АЕК, Сашо Димитријоски, и заменик-директорот на Грчката комисија за телекомуникации и пошти, Спирос Пантелис. На состанокот заклучивме дека се отстранети сите пречки и дека постои политичка волја од двете страни за продлабочување на соработката“, информираше министерот Манчевски.

Министерот Папас рече дека имале одлично гостопримство, што докажува дека сме стратешки партнери.

„Работа на владите е да го направат договорот од Преспа договор за луѓето, договор кој произведува резултати којшто го подобруваат животот на луѓето и од двете страни. Договор што ги подобрува можностите за комуникација, за транспорт, економските можности. Драгиот пријател Дамјан кажа конкретни работи за меморандумот што го потпишуваме денеска, сакам и јас да потврдам во име на Република Грција дека сме спремни да ги преземеме сите легални мерки, сите правни мерки и сите алатки, со цел граѓаните на двете земји многу брзо и пред туристичкиот период, да видат намалување во сметките за телекомуникација. Би сакал исто така да кажам дека е очигледно дека регулаторните органи од двете страни се спремни да ги стават во сила, да ги употребат законите како што се изработени, или, доколку е потребно, да се прилагодат за да се оствари овој договор. Оваа посета беше многу корисна и имавме можност да разговараме и за многу други теми”, потенцираше Папас.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико