Се носи закон со кој Груевски го губи правото на плата | Правдико

Правдико

   

Се носи закон со кој Груевски го губи правото на плата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Снежана Келевска, пратеничка од СДСМ, изјави дека поднеле предлог за дополнување на Законот за пратениците, со кој се предвидува на пратениците на кои им е изречена казна затвор од 6 месеци да го изгубат правото на земање пратеничка плата. Тие воедно ги губат и другите бенефиции, како што се дневници, патни трошоци и слично, кои им се исплаќаат во согласност со законот.

„Целта на законот е да се пополни празнината за исплатата на надоместоци и плати. Доколку, на пример, му е изречена правосилна пресуда од 6 месеци, го губи правото на плата. Имаме ваков случај со Никола Груевски, кој има ефективна казна од 2 години и тој не доаѓа во Собранието како пратеник. Ова е со цел сите да имаме еднаков пристап. Исто така, се работи  за дополнување на постојниот закон, односно да се допрецизира законот во овој дел“, изјави  Калевска.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико