Се обидел да ги прегази полициските службеници кои го стопирале на улица | Правдико

Правдико

   

Се обидел да ги прегази полициските службеници кои го стопирале на улица

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Маж со своето возило се обидел да ги прегази полициските службеници кои го стопирале на улицата „Ангел Винички“ во Виница.

„На даден знак со „стоп палка“ на Г.А.(63) од Виница кој управувал патничко моторно возило “Сузуки Витара“ со штипски регистарски ознаки му биле побарани документи, а тој одбил да им даде документи, по што го стартувал возилото и продолжил со движење, а потоа го свртел возилото и со голема брзина се упатил кон полициските службеници со намера да ги прегази“, соопшти МВР.

Откако полициските службеници успеале да го запрат возилото, го привеле мажот во Полициска станица во Виница. По целосно комплетирање и документирање на настанот против Г.А. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико