Се обидела да внесе евра во книга – македонските цариници ѝ ги одзеле
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во текот на минатата недела, македонските царински службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, техничка стока, обувки, козметички производи и фалсификати.
Задржани се следните производи:
Девизи
– 9.850 евра, откриени во два одвоени случаи, на скопскиот аеродром Александар Велики.
Во првиот случај, при личен претрес на македонски државјанин, кој пристигнал со лет од Базел, во џебови од панталоните и јакната биле пронајдни вкупно 18.350 швајцарски франци и 760 евра. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 10.350 швајцарски франци и 760 евра, противвредност на 10.000 евра – износ што може слободно да се внесе во државата, а 8.000 евра се привремено задржани.
Во вториот случај, во рачна ташна на македонска државјанка, која имала намера да отпатува со лет за Загреб, бил пронајден плик со 3.850 евра, вметнат помеѓу страниците на книга. Патничката не поседувала документ за потекло на парите, поради што 2.000 евра, износ што може слободно да се изнесе од државата, ѝ биле вратени, а 1.850 евра се привремено задржани.
Против патниците ќе бидат поведени прекршочни пријави за сторените прекршоци.
Техничка стока
– 3 електронски плочи за стругови, со ознаки FUB-P4M4, FUB-DR3 и FUB-P4R2, откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од бугарски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Непријавените производи, пронајдени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.
Обувки
– 39 пара патики, откриени при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените патики, пронајдени во 5 најлонски кеси, сместени на креветот во кабината на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка. Истовремено, поради сомневање дека патиките претставуваат фалсификати на заштитени трговски марки, Царинската управа ќе започне и постапка за утврдување на нивната оригиналност.
Извор: Макфакс