Се одбележуваат 14 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор | Правдико

Правдико

   

Се одбележуваат 14 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Potpisuvanje-ramkoven-dogovorДенеска се одблежуваат 14 години од потпишувањето на Рамковниот договор во вилата „Билјана“ во Охрид.

Со постигнувањето на договорот, на кој се потпишаа тогашниот претседателот на Македонија, Борис Трајковски, претседателите на политичките партии, претставници на ЕУ и на САД, разни советници и експерти, се стави крај на вооружениот конфликт во 2001 година.

„Овој Рамковен договор ќе го промовира мирниот и хармоничен развој на граѓанското општество, истовремено почитувајќи го етничкиот идентитет и интересите на сите македонски граѓани“, стои, меѓу другото, во текстот на договорот.

Иако договорот имаше една цел, до ден-денес различно се толкува и има поделени мислења во однос на нужноста од потпишувањето и од начинот на спроведувањето.

Извор: META.mk

Партнери на Правдико