Се одлага рокот за достава на докази за познавање на странски јазик и компјутери за вработените во судовите | Правдико

Правдико

   

Се одлага рокот за достава на докази за познавање на странски јазик и компјутери за вработените во судовите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

shalter-elСтатусот и одредени статусни прашања, правата, обврските, одговорностите, како и системот на плати и надоместоци на плати на вработените во судовите се утврдени во Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“бр.43/14 и 33/15) Во член 144 од Законот за судска служба утврдена е обврска за судските службеници кои имаат засновано работен однос во судот, заклучно со денот на отпочнување со примена на Законот, да достават докази за познавање на странски јазици и познавање на работа со компјутерски програми за канцелариско работење, во рок од две години од денот на отпочнување со примена на Законот за судска служба.

Со Заклучок од Шеесет и четвртата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 24.03.2015 година, а во врска со усогласувањето на одредени материјални закони со измените на Законот за административни службеници, предложени од група пратеници, се предлагаат измени на Законот за судска служба, а имајќи во предвид дека судските службеници имаат статус на административни службеници.

Се предлага одложување на рокот за доставување на доказите за познавање на странски јазици и познавање на работа со компјутерски програми за канцелариско работење, од утврдениот рок две години од денот на отпочнување со примена на Законот за судска служба во предложениот рок од една година од денот на пристапувањето на Република Македонија во Европската унија Со оглед на наведеното се одлучи да се изврши изменување на Законот за судска служба.

Предлог измените во Законот за судска служба можете да ги превземете ТУКА

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико