Се одложи судењето за Павле Богоевски, обвинителството не ја утврдило штетата
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судењето за Павле Богоевски, поддржувач на Шарената револуција, беше одложено во средата, бидејќи јавното обвинителство не ја утврдило штетата за кривичното дело за коешто го товари.
Според обвинителниот предлог Богоевски е обвинет за учество во толпа што ќе стори кривично дело, односно дека на 18-ти април фрлал балони полни со боја врз фасадата на Министерството за култура.
Овој објект е прогласен за објект од посебна вредност, односно значајно културно наследство.
Пред Основниот суд Скопје 1, дојдоа граѓани поддржувачи на Шарената револуција за да му дадат поддршка на Богоевски.
Во изјава за медиумите тој реќе дека не се чувствува виновен и дека ќе ја признае вината тогаш кога политичарите од власта ќе признаат вина
Извор: Макфакс