Се отвора можност за откуп на стаж – Предлог измени
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Основна цел на предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување е обезбедување на социјална сигурност и социјално осигурување на граѓаните. Предложениот текст на законот се заснова на начелата на правото на социјална сигурност и социјално осигурување на граѓаните согласно член 34 од Уставот на Република Македонија, начелото на социјална праведност за осигурениците и корисниците на права од пензиско и инвалидско осигурување и членовите на нивните семејства.
Основна цел на овие дополнувања е давање можност за осигуреникот кој бил во работен однос, односно на работа врз основа на која бил пријавен во задолжително социјално осигурување, а од страна на обврзникот за пресметка и плаќање на придонес не му е платен придонесот за пензиско и инвалидско осигурување за период до 31 декември 2008, сам за себе да изврши плаќање на придонесот и со тоа да оствари право од пензиското и инвалидското осигурување.
Воедно со овој закон предвидена е основ Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија недвижниот и движниот имот кој му е доделен во судска постапка по основ на неплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување за период до 31.12.2008 година, да може да го продава и зависно од траењето и износот на добиените средства од продажбата на имототот соодветно да утврди стаж на осигурување и основици на осигурување за секој осигуреник кој бил пријавен во задолжително социјално осигурување поединечно.
Исто така со овој закон е уредена можност за ажурирање на податоците во матичната евиденција од страна на Фондот и преку интегрираниот здравствен информатички систем со користење на веб апликација која ја администрира Министерството за здравство, во согласност со закон.
Предлог измените можете да ги превземете ТУКА