Се подготвува донесување на Закон за фитофармацевтски производи | Правдико

Правдико

   

Се подготвува донесување на Закон за фитофармацевтски производи

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со донесување на Законот за фитофармацевтски производи се регулира една голема област од ланецот на безбедноста на храна и храна за животни, а тоа е употребата на производите за заштита и превенција од штетни организми кај растенијата и растителните производи.

Со Законот за фитофармација се врши усогласување со Регулативите: 1107/08 кој го уредува маркетингот на фитофармацевтските производи, како и начинот на нивно авторизирање и лиценцирање на територијата на ЕУ; 396/05 со која се уредува определувањето на резидуите од фитофармацевтски производи со процес на авторизација, како и определувањето на прифатливите дози на резидуи од фитофармацевтски производи; 1185/09 со која се уредува прибирањето на статистички податоци за употреба на фитофармацевтски производи.

Со Законот се врши транспонирање и на следните директиви: 128/08 со која се регулира одржливата употреба на фитофармацевтски производи; 127/08 со која се уредува употребата на опремата за апликација на фитофармацевтските производ.

Временската рамка за изготвување на предлог законот:28/02/2018 – 20/03/2018

Партнери на Правдико