Се подготвува македонски предлог-закон против фрлање храна | Правдико

Правдико

   

Се подготвува македонски предлог-закон против фрлање храна

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

28102016085723_web_food-wasteИ покрај социјалната слика во Македонија, сè уште се фрла огромно количество храна, истакна Душко Христов, директорот на македонската Банка за храна, на презентацијата на состојбите во земјава.

Банката за храна подолго време работи на подготовка на закон со кој ќе се забрани фрлањето храна и ќе се воведе задолжителна редистрибуција до оние на кои им е потребна. Минатиот месец со таа цел во земјава присуствуваше и Араш Дерембарш, францускиот политичар што го издејствува таквиот закон во Франција и потоа ја претвори својата иницијатива во светско движење.

– Целта е да се подготви закон, но Франција и Македонија не се исти, и поради тоа работиме заедно со маркетите, дистрибутерите и со другите засегнати страни, за да подготвиме закон што ќе одговара на домашните услови – рече Христов.

Извор:Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико