Се подготвува нацрт Закон за академијата за јавни финансии | Правдико

Правдико

   

Се подготвува нацрт Закон за академијата за јавни финансии

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за финансии започна процес за изготвување Нацрт Закон за академијата за јавни финансии.

Со овој закон ќе се основа и уредува работењето на Академијата за јавни финансии како организациона единица во состав на Министерството за финансии, за спроведување обуки од областа на јавните финансии и обуки и испити во рамки на програмите за издавање уверенија/лиценци за овластени службеници и професии од областа на јавните финансии.

Целта на основање на Академијата е обезбедување континуирана едукација на јавната администрација од областа на управувањето со јавните финансии во насока на создавање на модерна и стручна администрација за обезбедување квалитетни и брзи услуги за граѓаните и деловните субјекти.

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 15.02.2021 – 06.03.2021

Препорачуваме

Партнери на Правдико