Се подготвува нов Предлог за за спречување перење пари и финансирање на тероризам
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Превенцијата од перење пари и финансирање на тероризам во Република Северна Македонија е регулирана со Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (Службен весник на РМ бр. 120/2018 и 275/2019).
Овој закон ги утврдува мерките и дејствијата за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам кои ги преземаат задолжените субјекти, како и работењето и надлежностите на Управата за финансиско разузнавање. Заради усогласување со ревидираните и дополнети меѓународни стандарди (препораки на меѓународното тело ФАТФ – FATF –Financial Action Task Force) и усогласување со 5-та Директива на ЕУ за спречување на употребата на финансискиот систем за целите на перење пари и финансирање на тероризам од 2018 година (2018/843 ЕЦ), започната е подготовка на нов Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам.
Усогласување со ревидираните и дополнети меѓународни стандарди (препораки на меѓународното тело ФАТФ и усогласување со 5-та Директива на ЕУ за спречување на употребата на финансискиот систем за целите на перење пари и финансирање на тероризам од 2018 година (2018/843 ЕЦ).