Се подготвува НОВ Закон за електронските комуникации | Правдико

Правдико

   

Се подготвува НОВ Закон за електронските комуникации

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

elektronskiИнформациските и комуникациските технологии имаат круцијалната улога во целокупниот развој на државата. Овие технологии позитивно влијаат врз социјалниот, културниот, образовниот, здравствениот развој, овозможуваат поголема конкурентност, значително намалување на трошоците, подобри јавни услуги,  ја поттикнуваат иновативноста во интернет услугите богати со содржина и ја зајакнуваат меѓународната конкурентност на Република Македонија.

Развојот на бродбенд мрежите, вмрежувањето на информациските системи и нивното поврзување на глобалната Интернет мрежа, отвара можност да се  вршат и штетни компјутерски напади/инциденти како врз информациите така и над информациските системи. 

Постојниот Закон за електронските комуникации („Службен весник на Република Македонија“ бр. 13/2005; 14/2007; 55/2007; 98/2008; 83/2010; 13/2012; 59/2012; 123/2012; и 23/2013) е целосно усогласен со пакетот на Директиви за електронски комуникации на Европската Унија од 2002 година.

Со цел понатамошен развој, новата законска рамка треба да поттикнува и промовира ефикасна конкуренција, инвестиции и иновации, особено во насока за воведување на следни генерации бродбенд мрежи. Република Македонија како земја со кандидатски статус за членство во Европската унија има обврска да го усогласува националното законодавство со корпусот правни акти на ЕУ т.н. acquis. Во таа насока е и потребата од усогласувањето на Македонското законодавство со новиот пакет на Директиви за електронски комуникации кои Европската Унија ги има усвоено.

Имајќи го предвид претходното, во предлогот на новиот Закон за електронските комуникации транспонирани се:

I.  Директива  2009/140/EC  (“The Better Regulation Directive“ ), со која се врши измени и дополнување на:

–          Framework Directive (2002/21/EC),

–          Access Directive (2002/19/EC ),

–          Authorisation Directive (2002/20/EC).

II. Директива  2009/136/EC  (“The Citizens Rights Directive“),со која се врши измени и дополнување на:

–          Universal Service Directive (2002/22/EC ),

–          ePrivacy Directive (2002/58/EC).

III. Директива  2006/26/EC  за задржување на податоци и

 

elektronskiПредлогот на новиот Закон за електронските комуникации е усогласен и со новата Регулатива  COM (2013) 147 final, за намалување на трошоци за поставување на брзи електронски комуникациски мрежи (следни генерации бродбенд комуникаициски мрежи).

Од аспект на домашното законодавство, предлогот на новиот Закон за електронски комуникации е усогласен со:

  • Законот за аудио и аудиовизуелни  медиумски услуги
  • Законот за медиуми
  • Законот за заштита на личните податоци
  • Законот за следење на комуникациите
  • Законот за прекршоците
  • Законите од областа на градењето и експропријација

Опис и опсег на финансиските придобивки за засегнати страни

Законот ќе  обезбеди развој на информатичкото општество. Развојот на информатичкото општество ја стимулира продукцијата на нови содржини и услуги, развојот на дигиталната економија и користењето на ИКТ, во контекстот на приближување на услугите на информатичко општество и медиумските услуги, мрежи и направи. 

Препорачуваме

Партнери на Правдико