Се подготвува нов Закон за управување со отпад | Правдико

Правдико

   

Се подготвува нов Закон за управување со отпад

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за животна средина и просторно планирање започна со изработка на нов закон за управување со отпад.

При анализа на состојбата со управување со отпадот во Република Македонија како главни проблеми за управување со отпадот беа утврдени следните – неусогласеност на Законот за управување со отпадот и прописите кои произлегуваат од него со барањата кои произлегуваат од новите измени на правото на ЕУ од областа на отпадот, особено во дефинициите за отпадот – преклопување на дел од надлежностите на институциите во управувањето со отпадот и усогласување на истите помеѓу централната и локалната власта – недоволна имплементација на прописите за управување со отпад -делумно спроведување на економските мерки кои имаат за цел воспоставување на системот за искористување на отпадот – недостаток од соодветна инфраструктура за управување со отпадот.

Главна цел на новиот закон за управување со отпад е воспоставување на ефикасен систем за управување со отпад со кој ќе се овозможи минимизирање на негативните влијанија на создавањето и управувањето со отпадот врз човековото здравје и животната средина преку почитување на хиерархијата на отпад.

Препорачуваме

Партнери на Правдико