Се подготвува Предлог на закон за општа безбедност на производите | Правдико

Правдико

   

Се подготвува Предлог на закон за општа безбедност на производите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Предлог на законот преставува сегмент од хоризонталната правна рамка вклучувајќи ја Република Северна Македонија во тековите на единствениот внатрешен пазар на Европската унија со воспоставување на механизми кои овозможуваат високо ниво на заштита на потрошувачите и другите корисници на производите што се пласираат на пазарот.

Со овој закон се уредува општата безбедност на производите кои се пуштаат во промет, критериумите за оценување на сообразноста на производите со општите барања за безбедност, обврските на производителот и на дистрибутерот, условите за информирање и размена на информации во врска со ризиците што од производот произлегуваат за здравјето и безбедноста на потрошувачите и на другите корисници како и вршењето надзор.

Целта на Предлог на законот е унапредување на економијата, а со тоа на потрошувачот ќе му се овозможи поголем избор на производи кои се усогласени со општите барања за безбедност во согласност со пропишаните критериуми и стандарди преку целосно и доследно усогласување со Директива 2001/95/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 3 декември 2001 за општа безбедност на производите.

Временската рамка за изготвување на предлог законот:03/06/2019 – 31/08/2019

Препорачуваме

Партнери на Правдико