Правдико

   

Се подготвува текст на Закон за висока раководна служба

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во законодавството во Република Македонија не постои јасно разграничување меѓу политичкото и професионалното ниво, односно не е јасно дефиниран и утврден опфатот за висока раководна служба.

Со Законот за административни службенци е направен првиот исчекор кон професионализација на извршните раководители во административната служба. Со Законот за вработените во јавниот сектор се опфатени органите на државната и локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и закон, институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од Градот Скопје, како и од општините во градот Скопје.

Со новиот закон за Висока Раководна Служба (ВРС), ќе се воспостави воедначена процедура за назначување на раководна позиција, професионализација на раководните позиции – издвоена од политичкото управување, со политичка одговорност. ВРС ќе има специфичен правен статус, одвоен и различен од Законот за административни службеници. Со одредбите од новиот Закон за Висока Раководна Служба ќе се дефинира Високата Раководна Служба и ќе се воспостави централно тело Комисија за селекција на Високата Раководна Служба.

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 15/02/2019 – 15/03/2019

Партнери на Правдико