Се подготвува текстот на Законот за регулирање на статус на бесправно изградени објекти | Правдико

Правдико

   

Се подготвува текстот на Законот за регулирање на статус на бесправно изградени објекти

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Постапувањето со бесправно изградени објекти во Република Северна Македонија претходно е уредено со Законот за постапување со бесправно изградени објекти, а предмет на истиот се бесправните објекти изградени заклучно со 3 Март 2011 година.

Со овој закон неколку пати е продолжуван рокот за доставување на барање, меѓутоа од причини што голем дел од барателите не ја доставиле потребната документација во законски утврдените рокови, дел од објектите и понатаму се без утврден правен статус.

Исто така од страна на Заедницата на единиците на локална самоуправа укажано е дека во поголем дел од единиците на локална самоуправа евидентирани се бесправни градби кои се изградени после 3 март 2011 година.

Регулирање на статусот на бесправно изградени објекти кои се изградени пред 1 јануари 2021 година при што објектите кои ќе ги исполнат законските услови ќе се запишат во Катастарот на недвижности, а објектите кои нема да ги исполнат законските услови се предвидува да бидат отстранети.

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 19.07.2021 – 31.08.2021

Препорачуваме

Партнери на Правдико