Се подготвува Закон за јавно обвинителска служба | Правдико

Правдико

   

Се подготвува Закон за јавно обвинителска служба

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

criminal-justice-careersЈавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во сорабока со Министерството за правда изготви Предлог Закон за јавно обвинителска служба, кој е неопходен за екипирање на обвинителството со стручен, истражен и административен кадар.

Предлог Законот е изготвен врз основа на Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, со целосно искористување на компаративните искуства за организираност на вакво обвинителство.

Предлог Законот е доставен до Владата на Република Македонија, а како предлагач се јавува Министерството за правда. Се очекува Предлог Законот да биде ставен на дневен ред на првата седница на Владата на Република Македонија, по што во итна постапка ќе биде ставен на дневен ред и во Собранието на Република Македонија и ќе се пристапи кон негова целосна имплементација, стои во соопштението испратено од специјалното обвинителство.

Препорачуваме

Партнери на Правдико