Се подготвува Закон за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Измената и дополнувањето на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, е заради негово усогласување со новите правила на управување и спроведување на финансиската помош на Европската Унија за Република Македонија според инструментот за предпристапна помош во областа на политиките за земјоделство и рурален развој ИПА 2 како и подобрување на функционалноста на законот и доуредување на одредени постапки уредени со законот, заради поефикасно нивно спроведување.
Се предлага ново законско решение по однос на правата и обврските на вработените во кои се предвидува и процент за зголемување на платите на вработените како политика за задржување на кадрите, проблем со кој во последнитите неколку години се соочува Агенцијата поради одлив на високостручни кадри. Се предлагаат нови законски рокови и соодветна дерогација од Законот за општа управна постапка.
Основна цел за донесување на законот е негово усогласување со новите правила на управување и спроведување на финансиската помош на Европската Унија за Република Македонија според инструментот за предпристапна помош во областа на политиките за земјоделство и рурален развој ИПА 2 како и подобрување на функционалноста на законот и доуредување на одредени постапки уредени со законот, заради поефикасно нивно спроведување.
Временската рамка за изготвување на предлог законот:19/03/2018 – 13/04/2018