Правдико

   

Се подготвува Закон за систем на адреси

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

катастарСо Извадокот од Нацрт – записникот од Сто дваесет и третата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 01.12.2015 година, Агенцијата за катастар на недвижности беше задолжена да формира работна група составена од преставници од Министерството за транспорт и врски, Министерство за внатрешни работи, Управа за водење на матични книги, Централниот регистар на Република Македонија и Државниот завод за статистика со цел изработка на Закон за Адресен регистар.

Согласно Извадокот од Нацрт – записникот од Педесет и седмата седница на Владата на Република Македонија, Министерството за транспорт и врски е задолжено да достави Предлог на Закон за систем на адреси а подготвен од работната група формирана со Заклучокот од 123-та седница на Владата на Република Македонија.

Основната цел поради која се предлага законот за систем на Адреси е во насока на воспоставување на стандардизиран систем за адреси со интегрирани графички и атрибутни податоци која еднозначно ќе ја определи локацијата на адресата, како и да се уреди надлежноста, Агенцијата за катастар на недвижности да го воспостави и води Адресниот Регистар на Република Македонија. Описните и просторни податоци за адресите во Адресниот Регистар ќе се чуваат и водат во централизирана база на податоци.

Временската рамка за изготвување на предлог законот е од 21.09.2016 до 01.10.2016

Партнери на Правдико