Се подготвуваат измени во Законот за аудиовизелните добра | Правдико

Правдико

   

Се подготвуваат измени во Законот за аудиовизелните добра

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за аудиовизелните добра во 2015 год, меѓу другото се изврши и измена на одредбите кои се однесуваат на стекнувањето со стручни звања во областа во дејноста за заштита на аудиовизуелните добра, особено во однос на постапката и условите за избор и реизбор во изборните стручни звања виш филмолог и филмолог советник.

Со Законот се пропиша дека рецензионата комисија е составена од претседател и два члена кои ги именува министерот со мандат од две години, а за да може да бидат именувани истите треба да бидат работници со стручно звање филмолог-советник. Со оглед на тоа што во Република Македонија недостасуваат лица со стручно звање филмолог советник кои ќе можат да членуваат во рецензионата комисија, постои објективна пречка за формирање на рецензиона комисија, поради што и подолг период не се спроведува постапката за избор и реизбор во стручните звања, виш филмолог и филмолог советник.

Со донесувањето на Предлогот на закон ќе се пропише правен основ за претсетадел и член на резензионата комисија да може да биде именувано и лице – научен работник со звање доктор на науки од областа на заштита на аудиовизелните добра или од сродните области, со што ќе се создадат формални предуслови за формирање на рецензиона комисија, а вработените во Националната установа-Кинотека на Македонија ќе можат да го остварат своето законско право.

Временската рамка за изготвување на предлог законот:02/04/2018 – 03/05/2018

Препорачуваме

Партнери на Правдико