Се подготвуваат измени во Законот за безбедност на храната | Правдико

Правдико

   

Се подготвуваат измени во Законот за безбедност на храната

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.
sobranieВо Законот за безбедност на храната не е доволно разработена проблематиката во врска со начинот на поднесување на барања за одобрување на нутритивните и здравствените тврдења, како и начинот на поднесување на барање за ставање во промет на додатоците на исхрана, храна за посебна нутритивна употреба, збогатена храна.
Поедноставување на начинот на поднесување барање за одобрување на здравствените тврдења до Агенцијата за храна и ветеринарство од страна на операторите со храна, како и утврдување на потребната документација која треба да се приложи со барањето. Уредување на составот и начинот на работата на Комисијата за здравствени тврдења. Поедноставување при поднесување на барање за ставање во промет на додатоци на исхрана, храна за посебна нутритивна употреба, збогатена храна и храна и состојки на храна произведени со иновирани технологии

Временската рамка за изготвување на предлог законот е од  01.03.2016 до 01.04.2016

Препорачуваме

Партнери на Правдико