Се подготвуваат измени во Законот за договорен залог | Правдико

Правдико

   

Се подготвуваат измени во Законот за договорен залог

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranieВо Република Македонија пазарот на корпоративни обврзници не е доволно развиен(има само две трговски друштва што имаат издадено корпоративни обврзници).Со цел да се зголеми заинтересираноста кај фирмите за издавање на корпоративни обврзници потребно е истите да бидат атрактивни за инвеститорите но и да му обезбедат сигурност на инвеститорот дека ќе биде исплатен навремено.

Покрај другото, како проблем во целата постапка за издавање на корпоративни обврзници обезбедени со имот е и запишувањето на тој имот во заложен регостар врз основа на претходно склучен Договор за залог, кој пак е уреден во Законот за договорен залог. Согласно позитивните прописи, договорот за залог се склучува помеѓу две познати страни, доверител од една страна(купувач на обврзница) и должник од друга страна(издавач на обврзница).

Поради фактот што сопствениците на обврзници може да се менуваат на дневна основа (а во Законот за договорен залог стои дека договорот се склучува само меѓу две познати страни), потребно е да се овозможи на страната на доверителите како склучувач на договор да се јави заеднички застапник кој во име на имателите на обврзници ќе го потпише договорот за залог.Во ваква ситуација кога постои неможност имателите на обврзниците да бидат исплатени од страна на издавачот, заедничкиот застапник ќе ја отпочне постапката за активирање на залогот.

Обезбедување на можноста заеднички застапник на имателите на обврзници да може да се јави во улога на потписник на Договорот за залог.

Препорачуваме

Партнери на Правдико