Правдико

   

Се подготвуваат измени во Законот за инвестициски фондови

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за инвестициски фондови се врши доусогласување со Директивата 2009/65/ЕУ за Друштва за колективно инвестирање во преносливи хартии од вредност.

Измените и дополнувањата на Законот имаат за цел олеснување на условите за основање и работење на инвестициските фондови, зајакнување на заштитата на интересите на инвеститорите, уредување на постапките за статусни промени на инвестициските фондови, отварање на филијали и пренос на управувањето со инвестицискиот фонд на друго друштво за управување и воведување на нови видови инвестициски фондови – главен фонд и фонд напојувач при што фондот напојувач да може да инвестира 85% од прибраните средства во друг фонд – главен фонд.

Временската рамка за изготвување на предлог законот:25/04/2019 – 25/05/2019

Партнери на Правдико