Правдико

   

Се подготвуваат измени во Законот за јавен долг

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за јавен долг (Службен весник на Република Македонија бр. 165/14 – пречистен текст), негарантираниот долг се вклучува во опсегот на јавниот долг со цел допрецизирање на дефиниции за јавниот долг кои што претходно беа користени, а ќе се изврши и усогласување со меѓународно прифатени стандарди.

Исто така, заради подобро објаснување се прецизира дефиницијата за државна гаранција. Со измените се предлага изработка на посебен стратешки документ за управување со јавниот долг – Стратегија за управување со јавниот долг. Воедно, во законот поопфатно ќе се дефинираат целите на задолжувањето, односно препозајмувањето (он – лендинг) на носителите на јавен долг.

Дополнително, со цел зголемување на отчетноста и транспарентноста во врска со информирањето за јавниот долг се утврдува рок во кој Годишниот извештај за управување со јавниот долг се поднесува до Собранието на РМ за информирање.

Предложените измени и дополнувања на Законот за јавен долг имаат за цел – проширување на опфатот на дефиницијата за јавен долг и нејзино усогласување со меѓународно прифатени стандарди, -зголемување на транспарентноста при известувањето за јавниот долг, – дефинирање на рокови за изработка и објавување на документи кои се однесуваат на управување со јавен долг.

Временската рамка за изготвување на предлог законот:07/11/2018 – 05/12/2018

Партнери на Правдико