Се подготвуваат измени во Законот за лизинг
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Согласно препораките на Светска банка за најдобрите практики и модел-законите на Европската банка за обнова и развој и на Комисијата на обединетите нации за меѓународно трговско право, потребно е да се овозможи секоја заинтересирана страна да може да врши упис на предметот на лизинг во Централниот регистар. Со измените на Законот за лизинг се овозможува запишувањето на предметот на лизинг во посебниот регистар во Централниот регистар, освен давателот на лизинг да може да го врши и корисникот на лизинг или нотарот.
Целта на измените е да се овозможи слобода на избор на договорените страни кој ќе го врши запишувањето во посебниот регистар во Централниот регистар.