Се подготвуваат измени во Законот за органско земјоделско производство
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Законот за органско земјоделско производство донесен во 2009 година, а објавен во („Службен весник на Република Македонија” број 146/09, 53/2011, 149/2015) содржи законски решенија применливи во областа на растелното и сточарско органско производството, собирањето на самоникнати растенија, преодот од редовно во органско земјоделско производство, како и производството на преработена храна, добиточна храна и органски квасец. Исто така, содржани се и одредени права и обврски на сите субјекти кои применуваат органско земјоделско производство, вклучително и на контролните/сертификациски тела кои вршат стручна контрола во органско земјоделско производство, како и критериумите и условите за овластување на контролните/сертификациски тела, со што се зајакнува системот на вршење на стручна контрола во органско земјоделско производство.
Целта на предложениот закон е зацврстување на законската, институционалната и економска рамка во системот на управување со органското земјоделско производство со утврдување на генералните барања во однос на производството, обележувањето и контролата во органското производство на растенија и животни.