Се подготвуваат измени во Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Согласно Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост , се пропишува дека постапката по поднесените понуди по јавен оглас за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост ја спроведува Комисија, основана од Владата на Република Македонија. Мандатот на членовите на Комисијата изнесува 4 години.
За работата членовите на Комисијата примаат плата која согласно законот изнесува за претседателот во висина од две просечни нето плати исплатени во Република Македонија, додека за членовите во висина од една и половина нето плата исплатена во Република Македонија. Имајќи во превид дека членовите на Комисијата својата функција ќе ја обавуваат професионално и која не е споива со вршење на било каква друга професија, дејност или должност се предлага висината на платата да се зголеми.
Основните цели на овој предлог на Закон е овозможување зголемување на платата на членовите на Комисијата, и тоа за претседателот наместо две просечни нето плати исплатени во Република Македонија да изнесува две и половина просечни нето плати исплатени во Република Македонија, додека за членовите на Комисијата истата да изнесува наместо една и половина нето плата исплатена во Република Македонија да изнесува две просечни нето плати исплатени во Република Македонија.