Правдико

   

Се подготвуваат измени во Законот за развој,производство и промет на воени стоки

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во насока на уредувањена на Директивите и Заедничката позиција на Европскиот парламент и Советот на ЕУ има потреба од изменување на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема кој се рефлектира и на називот на законот кој ќе гласи Закон за развој, производство и промет на воени стоки.

Со овој закон се уредуваат услови што во досегашниот закон не беше регулирано а истите се усогласуваат критериумите утврдени во Директивите и Заедничката позиција на Европскиот парламент и Советот на ЕУ и тоа: – утврдување на дефиниции и термини кои се употребуваат за функционалност на законот, – обврски на министерствата и на другите органи на државната управа, – услови за вршењето на развој, – издавање сертификати на трговски друштва, – обврски на трговските друштва и трговци поединци, – заштитата и безбедноста на развојот, производството и прометот и – соработка со индустрискиот сектор.

Целта на Предлог законот е да се разјасни, поедностави и подобри регулаторната рамка во оваа област и да се справи со новите случувања и предизвици.Предлогот ќе содржи измени на клучните концепти за контрола на извозот со цел да се одразат новите реалности,ќе ги зајакнува брокерските и транзитните контроли и ги проширува контролите на ризик од злоупотреба за терористички дела и повреди на човековите права.

Временската рамка за изготвување на предлог законот:16/03/2018 – 30/04/2018

Партнери на Правдико