Се подготвуваат измени во Законот за социјалната заштита
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во системот на социјалната заштита се констатира дека одредени решенија значат оптоварување за граѓаните во обезбедување на соодветна документација при поднесување на барање, особено за остварување на паричниот надоместок за помош и нега од друго лице.
Во однос на ова право, како и за додатокот за слепило, мобилност и глувост во постојниот закон е предвидено дека овие надоместоци се лимитирани со висината на личните приходи на лицето, така што граѓаните чии што годишен нето приход по сите основи изнесува повеќе од вкупниот годишен износ на просечни нето месечни плати исплатени за секој месец за претходната година се доведуваат во нееднаква положба со граѓаните со пониски приходи и се оневозможени да ги остварат правата по основ на личната состојба и потреба од помош.
Евидентна е потребата да им се овозможи на родителите на деца со телесни или ментални пречки во развојот и со најтешки облици на хронични заболувања да користат право на надемосток на плата за скратено работно време.
Со предлогот на Законот се допрецизират, односно дополнуваат одредбите со цел за подобрување на помошта и заштитата на лицата кои имаат потреба од помош за задоволување на основните животни потреби и изедначување на нивните можности за вклучување во се којдневниот живот во заедницата.
Временската рамка за изготвување на предлог законот:05.06.2017 – 22.07.2017