Се подготвуваат измени во Законот за спречување на корупцијата | Правдико

Правдико

   

Се подготвуваат измени во Законот за спречување на корупцијата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranieМинистерството за правда отпочнува процес за подготовка на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за спречување на корупцијата, и тоа во насока на прецизно дефинирање на термините „член на семејство“ и „подвижен имот од поголема вредност“ во смисла на Законот за спречување на корупцијата.

Утврдено е дека сфаќањето за опфатот на термините „член на семејство“ и „подвижен имот од поголема вредност“ кои се дефинирани во Законот за спречување на корупцијата значително варира, што може да се одрази во податоците кои се даваат со пополнување и доставување на анкетните листови и изјавите за интереси.

Со предлог измените се врши прецизно дефинирање на термините „член на семејство“ и „подвижен имот од поголема вредност“ во Законот за спречување на корупцијата, во насока на усогласеност на опфатот на податоците кои се бараат и се доставуваат со пополнување на анкетните листови и изјавите за интереси како и усогласување со препораката xvii од ГРЕКО Извештај за евалуација на Република Македонија – Четврт круг „Превенција на корупцијата кај членовите на парламентот, судиите и обвинителите и унапредување на механизмот за проверка на имотната состојба и интересите на избраните и именуваните лица и на другите службени лица.

Препорачуваме

Партнери на Правдико