Се подготвуваат измени во Законот за трговија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Предложените изменување и дополнување во Законот за трговија се во фунција на укинување на ограничувањата во Законот, а кои се однесуваат на ограничувањето на времето на продажба на алкохолни пијалаци во трговијата на мало, како и уредување на условите за вршење на трговија со необработени дијаманти.
Наведените ограничувања го намалија бројот на продажни места преку кои производителите на вино и пиво во земјата го вршеа својот пласман (ова особено во руралните средини) без јасно да се постигне целта за намалена консумација на алкохол кај малолетниците. Единствено што се постигна се ограничи односно се намали бројот на трговци на мало кои одлучија да продолжат да продаваат алкохолни пијалоци во рамки на пропишаното време во законот за трговија. Ваквата состојба ја намали продажбата на алкохолни пијалоци, особено продажбата на вино и пиво во земјата.
Целта на Предлогот на Закон е укинување на ограничувањата во Законот кои беа воведени во 2008 година, а кои се однесуваат на ограничувањето на времето на продажба на алкохолни пијалоци во трговијата на мало . Основните решенија на Предлог законот предвидуваат продажбата на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и понатаму да се врши во лиценцирани продажни објекти, без ограничување на времето за продажба и без посебни услови за истите.
Временската рамка за изготвување на предлог законот:05/02/2018 – 15/03/2018