Се подготвуваат измени во Законот за централен регистар на население
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Постојниот Закон за централен регистар на население како прв закон со ваков опфат и предмет на уредување го регулира права, обврски и одговорности на органите на државната управа и другите правни и физички лица во однос на користењето и размената на податоците содржани во Централниот регистар на население.
По три годишна примена на законот, како и започнувањето на примената на Законот за заштита на лични податоци, потребно е подобрување и меѓусебно усогласување, а се со цел на доследна примена на истите.
Со измените и дополнувањата на Законот за Централен регистар на население ќе се воспостави надградување на податоците со поврзување, право на размена заради унифицирање и подобрување на квалитетот на истите, како и подобрена заштитата на целокупниот систем.