Правдико

   

Се подготвуваат измени во Законот за Управата за јавни приходи

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерство за финансии подготвува текст за Закон за изменување и дополнување на законот за Управата за јавни приходи заради усогласување со одредбите од Законот за банки.

Измените се во насока за заштита на даночните обврзници во случаи каде е предвидено Управата за јавни приходи да добива податоци за приливите на сметките на обврзниците.

Имено, Управата за јавни приходи меѓудругото ќе спроведува технички, организациски и други мерки за заштита на податоците обезбедени согласно овој и/или друг закон, со цел нивна заштита  од губење, уништување, или недозволен пристап, неовластена примена  и секаква друга злоупотреба. Овој нацрт текст на законот е усогласен со Дирекцијата за заштита на лични податоци.

Временската рамка за изготвување на предлог законот:16/11/2018 – 06/12/2018

Партнери на Правдико