Се подготвуваат измени во Законот за заштита на децата
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Потребата од донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата произлезе од праксата и по барање на родителите заради олеснување на постапката пред првостепените органи, центрите за социјална работа, при продолжувањето на правото на посебен додаток за дете со специфични потреби кое има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот, за кое Наод, оцена и мислење за потребата од остварување на посебен додаток дава стручен орган за оцена на видот и степенот на попреченоста на лицата во менталниот или телесниот развој, и кое е со траен наод.
Предложеното изменување и дополнување на Законот за заштита на децата е со цел за олеснување на постапката кај користењето на правото на посебен додаток со интервенирање во одредби од Законот за заштита на децата со тоа што кај правото на посебен додаток, за дете кое е остварено право на посебен додаток и кое е со траен наод, за наредната година да не се поднесува барање за продолжување на правото на посебен додаток.
Временската рамка за изготвување на предлог законот:22.06.2017 – 22.07.2017