Се подготвуваат измени во Законот за здравствената заштита | Правдико

Правдико

   

Се подготвуваат измени во Законот за здравствената заштита

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со Законот за здравствената заштита е уредено, покрај другото, раководењето со јавните здравствени установи. Со член 105 е предвидено во јавна здравствена установа – здравствен дом со над 1.000 вработени, универзитетски клинички центар, универзитетска клиника, клиничка болница, универзитетски институт и институт се именуваат двајца директори и тоа организациски директор и медицински директор кои се одговорни за работењето на јавната здравствена установа и за обврските што се преземаат во правниот промет во согласност со надлежностите утврдени со овој или друг закон, подзаконските прописи и менаџерскиот договор.

Досегашното искуство во примената покажа низа слабости во јавните здравствени установи во кои беа именувани двајца директори заради несоработка на лицата кои беа именувани за директори, при што се јавуваа практични проблеми за реализација на акти и постапки каде што се бара согласност на двете лица.

Целта да се воспостави поефикасно и поефективно организирање на работата во установите со организациска поставеност во која лицето именувано за директор ќе биде одговорно за работата на установата и – да се намалат трошоците поврзани со платите и другите трошоци за работење во јавните здравствени установи- здравствен дом со над 1.000 вработени, универзитетски клинички центар, универзитетска клиника, клиничка болница, универзитетски институт и институт.

Временската рамка за изготвување на предлог законот е до 29.08.2017

Препорачуваме

Партнери на Правдико