Се подготвуваат измени во Законот за здравственото осигурување | Правдико

Правдико

   

Се подготвуваат измени во Законот за здравственото осигурување

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со законот е утврдено дека Листата на лекови ја утврдуваат 14 стручни комисии, формирани од Владата на Република Македонија. Ова законско решение во праксата се покажа како гломазно, широко поставено и неприменливо.

Со Законот е утврдено дека работодавачот и министерот за здравство со формирање на посебни медицински комисии вршат преиспитување на оцената за привремена спреченост за работа. Ова законско решение се покажа нецелисходно и беспредметно со оглед на тоа што законот содржи одредби со кои се предвидуваат контролни механизми на работата на избраните лекари, првостепените и второстепените лекарски комисии. Со законот се утврдени меѓународно признатите сертификати за активно познавање на англискиот јазик од страна на директорот на Фондот и положен психолошки тест и тест за интегритет, но не е утврден меѓународниот сертификат АПТИС. Со истекување на важноста на ЕЗК во праксата се појавија проблеми со користењето на електронските услуги преку Порталот на Фондот.

Цел на предлог законот e поедноставување на утврдувањето на Листата на лекови, со тоа што наместо 14 стручни комисии, Владата ќе формира една стручна комисија – бришење на нецелисходните одредби во делот на контролата/преиспитувањето на привремената спреченост за работа – во делот на меѓународно признатите сертификати за активно познавање на англиски јазик од страна на директорот на Фондот, се додава сертификатот АПТИС, а се брише положен психолошки тест и тест за интегритет – воведување квалификуван електронски потпис поради истекување на важноста на ЕЗК.

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико