Се подготвуваат нови измени во Законот за земјоделско земјиште | Правдико

Правдико

   

Се подготвуваат нови измени во Законот за земјоделско земјиште

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Zemjodelsko zemjiste traktorВо текстот на законот се направени измени и дополнувања и тоа во делот на продолжување на договорот за закуп, при што се предлага по истекот на времетраење на договорот за закуп истиот може да се продолжи со непосредна спогодна најмногу за период до пет години, а доколку на закупеното земјоделско земјиште се подигнати долгогодишни насади договорот се склучува до период на амотризација на долгогодишните насади. За утврдување на периодот до амортизација се формира комисија составена од пет члена.

Износот на закупнината која закепецот треба да ја плаќа се утврдува согласно член 23 од Законот за земјоделското земјиште. Доколку износот на закупнината во договорот за закуп е повисока од утврдената согласно член 23 од законот, закупецот го плаќа повисокиот износ на закупнина. Истовремено се предлага започнатите постапки по барањата за склучување на договор со непосредна спогодба да завршат согласно одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште.

Целта на направените измени и дополни во Законот за земјоделското земјиште е давање на законска можност за склучување на договор за закуп со непосредна спогодба за период до амотризација на долгогодишните насади.

Препорачуваме

Партнери на Правдико