Се подготвуваат нови измени во Законот за животната средина | Правдико

Правдико

   

Се подготвуваат нови измени во Законот за животната средина

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Главен проблем поради кој се пристапи кон измени и дополнување на Законот за животната средина е непостоење одредби во законот со кој се дефинира, идентификува и управување со контаминирано подрачје на кое што е утврдено загадување на медиумите на животната средина при што сериозноста од можните влијанија на животната средина и здравјето на луѓето е со такво значење што е неопходна ремедијација на истото.

Исто така, врз основа на досегашното спроведување на одредбите од законот со кои се пропишува спроведувањето на стручните испити за оцена на влијанието на проектот врз животната средина, стратегиска оцена на животната средина и постапување со средства за ладење и/или производи кои содржат средства за ладење се увиде потребата од допрецизирање на одредбите во законот со кои се уредува ова прашање. Дополнително, утврдена е потребата и за допрецизирање и доуредување на делот за надоместоци за животната средина за поефикасна наплата, како и стимулирање на поеколошко однесување.

Целта на предлог законот е:

-дефинирање, воспоставување на систем за идентификување и управување со контаминираните подрачја заради надминување на негативните влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето,

-подобрување и унапредување на постапката за спроведување на стручните испити за оцена на влијанието на проектот врз животната средина, стратегиска оцена на животната средина и постапување со средства за ладење и/или производи кои содржат средства за ладење,

-појаснување и допрецизирање на одредбите за надоместоците за животна средина.

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 01/09/2018 – 30/06/2019

Препорачуваме

Партнери на Правдико