Правдико

   

Се помалку Американци ја поддржуваат смртната казна, покажа истражување на центарот „Пју“

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Иако мнозинството Американци се уште ја поддржуваат смртната казна, овој дел од американската популација го достигна своето најниско ниво во последните четири децении или 56 проценти се за, а 38 проценти веќе се против, покажува истражувањето на центарот „Пју“, цитирано од француските медиуми.

17042015095013_federal-death-penalty-flag-with-noose

Падот на бројот на приврзаници на смртната казна во САД е шест процентни поени во однос на 2011 година, кога тие изнесуваа 62 проценти. Овој пад почнал кон средината на 90-те години. Во 1996 година нивниот дел бил 78 проценти.

Аналитичарите сметаат дека главната причина за овој пад се демократите, меѓу кои поголемиот дел се за укинување на смртната казна. Сега само 40 проценти од нив ги поддржуваат егзекуциите, во однос на 56 проценти во 2011 година.

Истражувањето беше изведено меѓу 1.500 лица, во периодот меѓу 25 и 29 март.
Сепак, 63 проценти од анкетираните се уште сметаат дека смртната казна е морално оправдана за тешките кривични дела, како убиствата, иако и 71 процент од Американците се загрижени од ризикот да се егзекутира невин човек.

Над половина Американци или 52 проценти сметаат дека има поголем ризик да се егзекутира црнец. Меѓу анкетираните, со ова мислење се согласуваат 77 проценти од црнците, 70 проценти од д емократите и 60 проценти од луѓето со високо образование.

Американците во целина се лошо информирани за ситуацијата со смртната казна во САД и само малку над една третина од нив знаат дека бројот на егзекуции во земјата се намалува, забележува центарот „Пју“.
Од почетокот на годината во САД се егзекутирани 13 лица, а за целата 2014 година – 35 лица. Оваа бројка веќе 20 години е во постојан пад, покажуваат податоците на Информативниот центар за смртна казна (ДПИЦ).
Во 1999 година во САД биле извршени 98 егзекуции, што беше највисоката бројка од воведувањето на смртната казна во 1976 година.

Дваесет и девет американски држави и федералната престолнина Вашингтон ја укинаа смртната казна или престанаа да ја применуваат . Три држави: Мисури, Тексас и Флорида, извршиле 80 проценти од сите егзекуции во 2014 година.

Серија особени мачни егзекуции, придружени од страдања, меѓутоа, предизвикаа бурна јавна реакција и според ДПИЦ придонесоа за слабеењето на поддршката на Американците за смртната казна, забележуваат француските медиуми.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико