Се предлага одложување на обврската на авто школите за видео надзор | Правдико

Правдико

   

Се предлага одложување на обврската на авто школите за видео надзор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranieСо Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се уредува безбедноста и заштитата на патиштата, основните начела и меѓусебните односи на учесниците и другите субјекти во сообраќајот на патиштата; правилата на сообраќајот на патиштата; системот на сообраќајните знаци, опремата и сигнализацијата на патиштата; должностите во случај на сообраќајна незгода; кандидати за возачи, возачи, автошколи, испитни центраи и возачки дозволи; оспособувањето за управување и стекнување право на управување со моторно возило и прекршочната постапка за деца; посебните мерки на безбедност; организацијата и задачите на советите за безбедност на сообраќајот на патиштата; евиденциите и заштитата на податоците; прекршочните одредби и овластувањата за подзаконски прописи.

Областа за безбедноста на сообраќајот на патиштата претставува една од основните надлежности на Министерството за внатрешни работи, кое во процесот на практична имплементација на предметниот закон, континуирано се залага за унапредување на состојбите, преку соодветно ревидирање на законските решенија во предметната област.

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата по скратена постапка се предвидува одложна примена на одредбите врзани со условите што треба да ги исполнуваат авто школите, во делот на видео надзорот, како и се вршат интервенции од технички карактер со цел квалитативно подобрување на постојното законско решение.

Со донесување на предложениот закон се предвидува одложна примена на одредбите врзани со условите што треба да ги исполнуваат авто школите, во делот на видео надзорот, како и се вршат интервенции од технички карактер со цел квалитативно подобрување на постојното законско решение.

Целосниот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико