Се предлага ослободување од надоместокот за сервисирање на фискалните каси | Правдико

Правдико

   

Се предлага ослободување од надоместокот за сервисирање на фискалните каси

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

registrirani-nad-50.000-fiskalni-kasi-224377Со постоечкото законско решение власта врши нов арач на малите и средните претпријатија. Власта им овозможува на производителите и лиценцираните трговци со фискални апарати од сите правни субјекти, коишто мораа да воведат GPRS фискални каси, да плаќаат нова давачка од 60 евра на годишно ниво за сервисирање на GPRS врска. Власта прво наметна трошоци и обврска претпријата да имаат по две фискални каси, потоа воведе казни од по 3.000 евра за непоседување на вакви GPRS фискални каси, а сега и дополнителни по 60 евра за сервисирање на истите.

Со измените од Предлог – законот се предвидува ослободување на даночните обврзници од дополнителен трошок за постојана комуниакција со серверот на УЈП преку мрежата на мобилните опереатори. Исто така, со новото предлог законско решение се бара да се овозможи на даночниот обврзник кај кого е констатирана незаконитост да нема забрана за вршење на дејност во деловната просторија во траење од 15 дена за даночен обврзник правно лице и 15 дена за даночен обврнизк физичко лице затоа што во другите членови од овој закон се пропишани обврски за плаќање на глоба, до плаќање на глобата. Се предлага  намалување на глобите во членовите со што дополнително ќе се намали негативната финансиска импликација врз даночните обврзници-правно лице и трговец поединец.

Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико