Се предлага ослободување од плаќање на сметките за парно од исклучените корисници | Правдико

Правдико

   

Се предлага ослободување од плаќање на сметките за парно од исклучените корисници

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

parno-radijatorСо Законот за енергетика на Република Македонија се уредуваат целите на енергетската политика и начинот на нејзина реализација, енергетските дејности и начинот на вршење на енергетските дејности, изградбата на енергетски објекти, надлежностите на Регулаторната комисија за енергетика, пазарите на енергија, енергетската ефикасност и промоција и користење на обновливи извори на енергија и други прашања од значење за енергетиката.

Во членот 28 од овој закон е предвидено: донесување правила за снабдување со електрична енергија, топлинска енергија и природен гас. Со овие правила поблиску се уредуваат општите услови и начинот на снабдување, како и меѓусебните права, обврски и одговорности на снабдувачот, потрошувачот на соодветен вид енергија или природен гас и операторот на соодветниот систем.

Регулаторната комисија за енергетика ги има донесено Правилата за снабдување со топлинска енергија во согласност со ставот 2 од членот 28 од Законот за енергетика. Имено во ставот 2 е наведено што треба да содржат Правилата за снабдување со топлинска енергија. Сосема е очигледно дека во Правилата за снабдување со топлинска енергија не смее да постои одредба со која се задолжуваат исклучените потрошувачи на топлинска енергија да плаќаат надоместок за ангажирана моќност (фиксен дел), што значи дека Регулаторната комисија за енергетика го прекршила Законот за енергетика со тоа што во Правилата за снабдување со топлинска енергија им дала обврска на исклучените потрошувачи на топлинска енергија да плаќаат месечен надоместок за покривање на фиксните трошоци.

Со Предлог на законот се врши дополнување на членот 28, од Законот за енергетика со кој се гарантира дека на исклучените потрошувачи на топлинска енергија не им се наметнува обврска да плаќаат било какви надоместоци.

Предлог измените можете да ги превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико