Правдико

   

Се предлага престнок на важењето на Законот за поддршка на домашната музичка продукција

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Имплементацијата на Законот за поддршка на домашната музичка продукција во практика не ги даде очекуваните ефекти пред се од причина што иако за избраните композиции се продуцираа аудио и видео записи истите или не беа воопшто или беа емитувани во мал обем на радијата и телевизиите.

Од наведените причини објективно и не може да се направи евалуација на позитивните ефекти од поддршката на создавање на нови композиции. Со оглед на тоа што аудио и видео записите за композициите не беа во доволен обем достапни на пошироката јавност се поставува прашањето за оправданоста од ваквиот начин на финансирање на создавање на нови композиции од областа на забавната и народната музика со средства од Буџетот на Република Македонија.

Предлог на Законот предвидува престанување на важењето на Законот за поддршка на домашната музичка продукција („Службен весник на Република Македонија“ бр. 119/2013)

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 09/11/2017 – 12/12/2017

Препорачуваме

Партнери на Правдико