Правдико

   

Се предлага прогласување на два нови неработни денови за Ромите

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со Законот за празниците на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” број 21/1998 и 18/2007), се уредуваат државните празници на Република Македонија и другите празници и се определуваат неработните денови на празнувањето.

Во членот 1 се предлага дополнување на членот 4 став 2 со нови алинеи со кои како неработни денови за припадниците на ромската заедница покрај 8 Април, Меѓународен ден на Ромите за припадниците на ромската заедница, кој што е уреден во постојното законско решение се прогласуваат и

– 5 август за Меѓународен ден на сеќaвањето на ромските жртви на геноцидот во Втората светска војна – самударипен (samudaripen) и

– 5 ноември за светски ден на ромскиот јазик за припадниците на ромската заедница во Република Македонија.

Неколку членки на Европската Унија како што се Република Полска и Унгарија, со посебни резолуции го имаат признаено 2 август како Меѓународен ден на сеќавање на ромските жртви на холокаустот, а Парламентот на Република Хрватска има усвоено одлука со која се прогласува овој ден на Меѓународен ден на сеќавањето на ромските жртви на геноцидот во Втората светска војна/самударипен (samudaripen).

Негувањето на својот мајчин јазик е од големо значење за опстанокот на една етничка заедница. Историјата, културата и јазикот на еден народ се неговото основно обележје. На првиот конгрес на Роми кој се одржа во Лондон во 1971 година, Ромскиот јазик – Romani chib, е деклариран за како официјален јазик на
сите Роми во светот.

Во 2015 година, Унеско го прогласи 5 ноември за Светски ден на ромскиот јазик, со што УНЕСКО испрати јасна порака дека Ромскиот јазик е дел од културното наследство и културното богатство на светот. Ромскиот јазик, односно „Romani chib”, мора да се сочува, бидејќи е древен јазик со сите лингвистички карактеристики на модерен јазик кој е во опасност од исчезнување. Во прогласот на Унеско, освен што се определува 5 ноември за Светски ден на ромскиот јазик кој ќе се одбележува секоја година од УНЕСКО како меѓународен ден, се охрабруваат земјите членки да ја поддржат промоцијата и прославата на овој ден.

Со прославување на овој ден, се промовира образованието, јазикот и културата на Ромите во Република Македонија. Со донесувањето на Предлог законот за дополнување на Законот за празниците во Република Македонија, ќе се докаже дека во неа се поддржуваат мултикултурните вредности на нејзините граѓани.

Целосниот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико