Се предлага пролонгирање на рокот во кој соработниците вработени во научните установи треба да станат магистри
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за научно- истражувачката дејност се врши пролонгирање на рокот со кој соработниците вработени во научните установи немаат стекнато научен степен магистер, до септември 2020 година да се стекнат со научен степен магистер.
Истотака, се уредува и дека примената на одредбите од Законот за научно- истражувачката дејност дека помлад асистент-истражувач може да биде лице кое има завршено високо образование, постигнат просечен успех на студиите од најмалку осум и покажува способност за научно истражување и асистент- истражувач може да биде лице кое има завршено магистерски студии, објавени трудови и постигнати резултати во научни истражувања, ќе се применуваат до септември 2020 година.
Целта на предлогот на Законот е да се даде можност на соработниците вработени во научните установи кои немаат стекнато научен степен магистер, до септември 2020 година да се стекнат со научен степен магистер. Исто така, целта е примената на одредбите од Законот за научно- истражувачката дејност дека помлад асистент-истражувач може да биде лице кое има завршено високо образование, постигнат просечен успех на студиите од најмалку осум и покажува способност за научно истражување и асистент- истражувач може да биде лице кое има завршено магистерски студии, објавени трудови и постигнати резултати во научни истражувања, да биде до септември 2020 година.
Предлог измените можете да ги превземете ТУКА