Се предлага укинување на радиодифузната такса | Правдико

Правдико

   

Се предлага укинување на радиодифузната такса

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranieВршењето на радиодифузната дејност и работите од јавен интерес во областа на радиодифузијата се уредени со Законот за аудио и аудиовизуелните услуги. Заради остварување на целите, во овој закон е предвиден и начинот на финансирањето во насока на развојот на јавната радиодифузната мрежа и дејност на Република Македонија. Но, досегашниот начин на финансирање, според кој најголем процент од средствата се обезбедуваат со плаќање на радиодифузна такса од страна на граѓаните, воопшто не е во согласност со целта за заштита на интересите на корисниците на радиодифузниот сервис.

Ваквиот начин на финансирање наместо да се подобрува и да биде поприфатлив за граѓаните, тој постојано се менува на штета на корисниците. Листата на плаќачи беше проширена со воведување нова категорија на обврзници за плаќање на радиодифузна такса, а тоа се трговците поединци, како и други вршители на дејност со помалку од 20 вработени. Радиодифузната такса беше зголемена од 130 на 190 денари. А најпогодени беа граѓаните, кога законодавецот предвиде оваа такса да ја наплаќа Управата за јавни приходи, поради што граѓаните имаат блокирани сметки и за жал, во голем број случаи, тоа е неосновано поради неажурното функционирање на јавниот сервис.

Имајќи го предвид овој реален проблем на граѓаните, со овој предлог закон предвидуваме укинување на радиодифузната такса. Сметаме дека ослободувањето од плаќањето на оваа задолжителна јавна давачка е најповолно решение за граѓаните на Република Македонија, како за корисниците на јавниот сервис, така и за оние што не се негови корисници. Затоа предлагаме тој приход, кој сега го добива МРТ преку собирање на оваа давачка да се финансира од Буџетот на Република Македонија и тоа во износ од 0,5% од вредноста на Буџетот на годишно ниво.

Освен овие буџетски средства, како основен извор за финансирање МРТ може да остварува приходи од кабелските оператори и од приходи остварени со продажбата на програма произведена во МРТ. На тој начин МРТ ќе се оспособи да продуцира програма со користење на сопствените технички и кадровски потенцијали за свои потреби или ќе ја продава на останатите комерцијални радиодифузери.

Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико