Се предлага воведување учебници од странски автори во средните училишта | Правдико

Правдико

   

Се предлага воведување учебници од странски автори во средните училишта

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

c4644668-af01-4ae4-8866-2ea019c5a1eb-1209420b82Заради подобрување на квалитетот на воспитно образовните процеси во средните стручни училишта постои потреба за воведување на адаптирани странски квалитетни учебници. За таа цел, а по направена стручна анализа на квалитетот на учебниците кои се употребуваат во странски држави, се оцени дека треба да се даде можност за употреба на учебници од реномирани автори и издавачки куќи со долгогодишната традиција на квалитетно образование и квалитетни учебници. Од тие причини се пристапи кон воведување на законски основ за воведување на адаптирани странски учебници во средното стручно образование во Република Македонија.

Целта на предлогот на Законот е норамативно да се доуредат одредени одредби во законот како: Министерство за образование и наука да може да откупи потребен број на одобрени учебници за наставните предмети во средното стручно образование, како и постапката за одобрување и откуп. Измените на Законот, чие донесување се предлага се засноваат на истите начела на кои се заснова Законот за за учебници за основно и средно образование.

Целиот текст на предлог измените можете да ги превземете ТУКА

Фото: emagazin.mk

Препорачуваме

Партнери на Правдико