Се предлага Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство | Правдико

Правдико

   

Се предлага Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Нормативна рамка за превентивно делување, спречување и намалување на последиците од семејно насилство е регулирано во националната легислатива, и тоа во Закон за семејството и Кривичниот законик, сметано од 2004 година.

Со оглед дека семејното насилство е мултидимезионален проблем, се наметна потреба  за изготвување на посебен закон, со кој сеопфатно ќе се уредат превенцијата, спречувањето и заштита од семејно насилство. 

Потребата за легислативно подобрување на превенцијата, спречувањето и заштитата од семејното насилство е препознаена и во рамките на спроведување на интегрираните политики на национално ниво. Во оваа насока,  сметано од 2008 година се донесе првата Националната стратегија за заштита од семејно насилство 2008-2011 година. Врз основа  на оцена  на постигнатото влијание од  имплементацијата на овој документ, како континуирана заложба на Владата на Република Македонија на ова поле, усвоена е  Националната стратегија за спречување и заштита од семејно насилство 2012-2015 година. Координативното тело за следење на имплементација на овој стратешки документ ги сублимира состојбите во однос на постигнатите ефекти и степенот на реализација на предвидените активности на ова поле, ги следи и оценува постигнатите резултати.

Работна група, формирана во рамките на Министерството за труд и социјална политика изврши анализа на податоците на  ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град  Скопје за спроведени постапки и преземени мерки во случаи на семејно насилство, ги утврди слабите страни на системот и изготви предлози за подобрување на истите.

Врз основа на сите овие континуирани активности, се констаира дека  е најцелисходно да се изготви посебен закон, кој системски, сеопфатно и координирано ќе ги уреди  и унапреди областите на делување во полето на семејното насилство.

Потребата од донесување на нов системски Закон за превенцијата, спречувањето и заштита од семејно насилство, се наметнува од причина што е потребно националната правна рамка да се усогласи со современите европски стандарди и добри практики на ова поле, како и со релевантните меѓународни документи и конвенции.

Предлог-Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство има за цел  да се создаде посебна правна рамка со која системски ќе се унапредат состојбите против семејното насилство во нашата земја, преку креирање на сепфатен и интегриран систем во сите подрачја на делување.

Новата регулатива има за цел да  го подобри системот на заштита од семејно насилство и тоа:

–  унапредување на превенција, спречување и заштита од семејно насилство на национално и локално ниво

–    преземање на конкретни активности за унапредување на превенцијата, со цел за препознавање и намалување на случаите на семејното насилство

–   воспоставување на ефикасен и ефективен систем за заштита, со цел за намалување на последиците од сторено семејно насилство и спречување на идно насилство

–  зајакнување на мулти-секторското делување од страна на сите професионални структури, со вклучување на граѓанскиот сектор

– креирање на интегрирани политики со цел за континуирано следење и унапредување на превенцијата, спречувањето и заштитата од семејно насилство

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико