Се предлага Закон за вработување на сто најдобри студенти | Правдико

Правдико

   

Се предлага Закон за вработување на сто најдобри студенти

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

studentsСо Предлог – законот за вработување на сто најдобри дипломирани студенти на јавните универзитети во Република Македонија се уредува вработувањето на сто најдобри студенти од прв циклус на студии на еден од петте најдобро рангирани јавни универзитети во Република Македонија , во институциите на јавниот сектор.

Целта на Предлог – законот да се уреди постапката за вработување на стоте најдобри студенти на петте прво рангирани јавни универзитети во Република Македонија. Предлогот на закон се заснова на начелата на транспарентност и конкурентност на постапка на селекција Предвидените решенија со законот чие што донесување се предлага, се во насока на давање на законски основ како и уредување на постапка во која ќе се вработуваат најдобрите студенти.

Според предлог законот распределбата на најдобрите студенти се врши согласно рангот на јавната високообразовна установа на последно објавената официјална ранг-листа на јавни високообразовни установи во Република Македонија, и тоа:

– 30 најдобри студенти од прво рангираната високообразовна установа;
– 25 најдобри студенти од второ рангираната високообразовна установа;
– 20 најдобри студенти од трето рангираната високообразовна установа;
– 15 најдобри студенти од четврто рангираната високообразовна установа; и
– 10 најдобри студенти од петто рангираната високообразовна установа.

Распределбата на најдобрите студенти би се вршела врз основа на посебен Годишен план за вработување на стоте најдобри студенти кој секоја година го изготвува Министерството за информатичко општество и администрација.

Како главни критериуми за избор се предвидени:

просечниот успех на студентот, најмногу 60 бодови;

освоени награди на меѓународни натпревари, од областа на која студирал, најмногу 5 бодови;

бројот на положени испити на студентот кај професор кој има објавено повеќе од два меѓународни трудови во меѓународни списанија од базата на Томсон Ројтерс (Web of scince), најмногу 5 бодови;

активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, како и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на
здружението ALTE на европски тестатори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат; и

времето кое било потребно за кандидатот да ги заврши студиите, најмногу 10 бодови.

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико